Во понеделникот навечер, Далас го пречека Сакраменто и загуби на домашен терен, но поразот остана во сенка на она што се случуваше пред почетокот на натпреварот.
Присутен беше сопственикот на франшизата од Тексас, Патрик Думонт кој доби жестоки свирежи од навивачите на Далас. Причината е општо позната – американскиот бизнисмен се дрзна да се откаже од Лука Дончиќ, миленикот на фановите на Мавс кој кариерата ја продолжи во Лос Анџелес Лејкерс.
Dallas Mavs governor Patrick Dumont was booed by fans while walking to his seats at Monday night's game against the Kings. pic.twitter.com/P28c4NbfOQ
— FOX 4 NEWS (@FOX4) February 11, 2025
Додека одеше кон своето место во арената, Думонт беше исвиркан од сите страни, освен од првите редови каде обично седат гледачи со најскапи билети. Дојде и до една необична сцена, кога млад навивач, облечен во дрес на Дончиќ се поздрави со сопственикот и нешто му дофрли.


