Серијата каква што веројатно не е видена никаде во светот, продолжи и денеска откако Црвена Звезда по 43. пат во низа го совлада тимот на ФМП.
„Црвено-белите“ славеа со 84-63 за нов пласман во финалето од Купот на Србија каде ја бркаат петтата титула по ред. Звезда постојано беше во водство, но точка на мечот стави со одличната игра во последната четвртина која ја доби со 21-8.
Во финалниот меч, Звезда ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Партизан и Мега кој почнува во 20 часот.


