Никој во Партизан не може да се помири со поразот во финалето од Купот на Србија, па денеска повторно бомбардираат со реакции на социјалните мрежи.
Прв уште синоќа се огласи Жељко Обрадовиќ кој обвини за низа нерегуларности и протежирање на Црвена Звезда, а денеска реагираше и спортскиот директор Зоран Савиќ. Тој објави стори на Инстаграм со хитот на Рибља чорба, „Ал Капоне“, ги означи судиите, лоцираше со Пекол и напиша „Кошаркарски Нигерија“ со емотикон од циркуски шатор.

Партизан имаше замерки на организацијата на завршниот турнир од Купот, почнувајќи од делегирањето судии, до атмосферата на другите натпревари. Синоќа Обрадовиќ бараше да се испразни делот од трибините каде што се навивачите на Црвена Звезда затоа што беше жестоко навредуван од нив, но тоа не се случи.


