Откако оваа сезона Дубаи влезе во АБА лигата, неговиот пат би можел да го следи и клуб од Абу Даби со тоа што тој би почнал од втората дивизија во регионалното натпреварување.
Српските медиуми денеска објавија дека главниот град на Обединетите Арапски Емирати сака да формира нов клуб, по примерот на Дубаи и да се вклучи во јадранската лига. Желбата е да заигра во АБА, но не е исклучено да почне преку АБА 2, а крајната цел ќе биде Евролигата.
Кошарката станува популарна во ОАЕ за што доказ е тоа што Абу Даби ја доби организацијата на претстојниот Ф4 од Евролигата. Ако Абу Даби влезе во АБА 2, би можел и некој клуб од Македонија да заигра против него, ако се паднат во иста група.


