Раководството на НБА планира експанзија во Европа или ново континентално натпреварување по нејзино покровителство и веќе ги почна подготовките за тоа.
Во план е кошарка, меѓу другите градови, да се игра во Манчестер каде сопственикот на Сити, Шеик Мансур бин Зајед Ал Нахјан треба да формира клуб и да биде дел од новото натпреварување. За таа цел, идната сезона два натпревара од основниот дел на сезоната во НБА ќе се играат во Манчестер откако двете страни потпишаа меѓусебен договор.
Натпреварите ќе се играат во Ко-Оп арената во Манчестер која има капацитет од 23.500 места и е најголема во Европа.
Покрај Манчестер, во плановите на НБА е и Лондон чиј градоначалник неодамна имаше средба со заменик Комесарот, Марк Тејтум. Уште неколку држави и градови се во проекциите, но меѓу нив нема клубови од Балканскиот полуостров.


