Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ мора на операција на стапалото поради што за него оваа сезона е завршена.
Во неа не одигра ниеден натпревар, а последен пат настапи на официјален меч на 28 април 2024 година, во рамките на плејофот, додека уште беше член на Њујорк Никс. Повредата и операцијата на стапалото тогаш го натераа порано да ја заврши сезоната, а десет месеци подоцна, ситуацијата се повторува.
Разликата е во тоа што сега Богдановиќ е член на Бруклин Нетс каде беше трејдуван во замена за Микал Бриџес. Со тоа, хрватскиот кошаркар се врати во тимот од Њујорк каде и ја почна НБА кариерата и чиј член беше во периодот од 2014 до 2017 година.


