Екипата на Денвер Нагетс е во фантастична форма во февруари и се уште е со максимален ефект овој месец.
Ноќеска на домашен терен го совлада Шарлот Хорнетс со 129-115 за деветта победа по ред и продолжување на серијата која почна пред Ол стар викендот. Сепак и покрај убедливиот триумф, Денвер до него стигна благодарение на подобрата игра во последната четвртина откако три периоди се играше израмнето, а двете екипи беа максимално расположени во нападот. Последните 12 минути Нагетс ги добија со 30-19 и на тој начин дојдоа до нова победа со која се искачија на второто место во Западната конференција.
Блескаше ударниот тандем на Денвер, Мареј-Јокиќ, Канаѓанецот заврши со 34 поени, а српскиот ас реализира 29 поени со 17 скока и 9 асистенции со што за малку остана кус за нов трипл дабл оваа сезона. На спротивната страна, одличен беше Мајлс Бриџис кој постигна 36 поени и 13 скока.
Вистински тест за Денвер ќе биде утрешниот натпревар против Лејкерс на домашен терен на кој во тимот од Лос Анџелес најверојатно повторно ќе биде Лука Дончиќ.


