Во 2:30 часот по полноќ во Денвер почнува дербито на вечерта во НБА, меѓу екипите на Нагетс и Лејкерс.
Домаќинот на овој меч го дочекува големиот ривал со серија од девет победи, додека Лејкерс се соочува со проблеми околу составот. На неколку часа пред почетокот, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс се наоѓаат на листата на повредени иако покрај нивните имиња стои дека веројатно ќе настапат на претстојниот дуел.

Дончиќ има повреда на листот на левата нога, а Леброн на левото стапало и по се изгледа пред почетокот на натпреварот тренерот Џеј Џеј Редик ќе донесе одлука дали тие ќе се најдат во составот. Дончиќ не играше на последниот меч, против Портланд на кој Лејкерс славеа како гости со 110-102.


