Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик беше презадоволен од изданието на Лука Дончиќ против Денвер и имаше само комплименти за неговата игра.
Словенецот првпат постигна 30+ поени откако игра за Лејкерс, а тимот од Калифорнија се прошета низ Колорадо и ја оствари првата победа во Бол арената по безмалку три години.
„Сакам барем една епизода на ‘помрачување’ во која тој неселективно вришти на никого бидејќи е возбуден. Тоа значи дека се вратил, тоа е тој Лука што го познавам – убиец.
Кон крајот на првото полувреме кога погоди тројка пред нашата клупа, почна да вришти. Не знам на кого посебно, но почна и беше прекрасно“, рече Редик.
Лејкерс играат во одлична форма последниот месец и се многу блиску до третата позиција на табелата каде сега е Денвер. Дончиќ се уште не е во посакуваната форма бидејќи паузираше повеќе од седум недели, но неговите добри партии допрва можат да се очекуваат.


