Српскиот репрезентативец Никола Јовиќ ќе мора да паузира околу два месеца поради тешка повреда што ја доживеа на ноќешниот меч против Милвоки.
Српскиот репрезентативец има фрактура на метакарпална коска на десната дланка и за него многу веројатно е завршен основниот дел од сезоната во НБА. Евентуалното враќање би можело да се очекува во плејинот, ако Мајами се пласира во него што во моментов е реална варијанта.
Повеќе информации околу состојбата на Јовиќ ќе се знаат во текот на денов, откако ќе биде извршени детални прегледи на раката.
Крилниот играч сезонава веќе имаше една тешка повреда и тоа на носот поради што отсуствуваше неколку недели.


