Камерунецот со американски пасош Жоел Ембид многу веројатно ќе оди на операција со цел да стави крај на своите проблеми со повреди.
Центарот на Филаделфија не играше од почетокот на јануари до почетокот на февруари поради повреда на коленото и иако делуваше дека по враќањето се е в ред, излезе дека не е така. Ембид и неговите соработници се обидуваат да избегнат операција, но се чини дека таа неизбежна.
Да биде проблемот поголем, најверојатно е потребна остеотомија, процедура во која докторите кршат коска во колкот за да го израмнат зглобот и со тоа да го ублажат притисокот. Ако се одлучи за таа варијанта, на Ембид му се заканува пауза од една година.


