Безмалку еден месец чекаше Лука Дончиќ на својата одмазда и на крајот ја дочека. Утринава, Лос Анџелес Лејкерс го пречека тимот на Далас, а Словенецот блескаше пред очите на човекот кој буквално го избрка од Тексас.
Лејкерс славеа со 107-99, а Дончиќ го оствари својот прв трипл дабл во дресот на овој тим, постигнувајќи 19 поени, 15 скока и 12 асистенции за 35 минути во игра. Уште во првото полувреме најави таков ефект бидејќи на паузата замина со 12 поени, 12 скока и 7 додавања. Се што правеше, во секој момент, беше лично и не криеше дека е така. Кога и да направеше нешто добро за својот тим, со погледот беше кон ложата каде седеше најтесното раководство на Мавс.
Меѓу другото, Дончиќ стана само прв играч по Карим Абдул Џабар кој постигнал 15+ поени, 15+ скокови и 10+ асистенции, со 2+ блокади.
Иако тој беше во главна улога на натпреварот, не смее да се заборави ни ефектот на Леброн Џејмс кој постигна 27 поени и 12 скока од кои добар дел во моментите кога се одлучуваше победникот. Најефикасен играч беше Кајри Ирвинг кој продолжи со одличните настапи по заминувањето на Дончиќ и постигна 35 поени, со 7 скока и 4 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Торонто – Бостон 101-111
Орландо – Кливленд 82-122
Хјустон – Милвоки 100-97
Мемфис – Феникс 151-148
Њу Орлеанс – Сан Антоио 109-103
Голден Стејт – Шарлот 128-92
ЛА Лејкерс – Далас 107-99


