Прославениот српски стручњак Душан Вујошевиќ остро го осуди однесувањето на репрезентативците на Србија на последниот ден од кошаркарскиот турнир од Олимписките игри.
„Орлите“ тогаш го освоија бронзениот медал, но временскиот простор од мечот за третото место, до церемонијата на доделувањето на одличјата го искористија за прослава в кафеана и се вратија во алкохолизирана состојба. За нивното славје е посветен посебен дел во документарниот филм објавен неодамна, а Вујошевиќ имаше само критики на сметка на Никола Јокиќ и неговите соиграчи.
„Не ми се допаѓа излегувањето на пијаната банда на доделувањето медали. Ако имаш уште еден ден во животот, живеј го човечки и достоинствено, а не да се влечеш како свиња“, рече поранешниот тренер на Партизан во една телевизиска емисија.
На церемонијата на доделување на наградите, српските кошаркари беа најинтересен дел, токму поради состојбата во која се наоѓаа. Дури и американските и француските кошаркари, кои играа во финалето, се чудеа како можеа толку да се опиени.


