Сезоната во НБА е во својата последна третина, а слободно може да се каже дека најпријатно изненадување е тимот на Детроит Пистонс.
Тимот кој лани беше убедливо најслаб во лигата, а 17 години нема победа во плејоф серија (три пати играше и загуби со по 4-0), во моментов се наоѓа во низа од осум триумфи со тоа што ноќеска го растури актуелниот шампион Бостон со 117-97. Серијата на Детроит во моментов е најдолга во лигата во моментов, заедно со онаа на Кливленд, но на двете екипи им претстојат тешки дуели бидејќи Пистонс во следниот меч играат со Денвер, а Кавс со Бостон.
Гостите на синоќешниот натпревар одиграа само една добра четвртина, втората, во која успеаја да ја надополнат негативата од девет разлика и на полувреме да заминат со израмнет резултат (55-55). Во вториот дел Детроит згази, водеше и со 23 разлика и го понижи шампионот кому првото место во Источната конференција му останува само сон. Тоа беше прва победа за Детроит во дуелите со Бостон по пауза од три години или по 12 порази во низа.
Најзаслужен за тоа беше Бисли кој постигна 26 поени, Канингем додаде 21, а Дурен оствари дабл дабл со 13 поени и 11 скока. Тејтум го предводеше Бостон со 27 поени, но тоа беше недоволно за триумф на овој меч.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Бостон 117-97
Индијана – Торонто 111-91
Њујорк – Филаделфија 110-105
Вашингтон – Портланд 121-129
Мајами – Атланта 131-109
Бруклин – Оклахома 121-129
Мајами – Аталнта 131-109
Чикаго – ЛА Клиперс 117-122
Јута – Сакраменто 101-118
Хјустон – Сан Антонио 118-106


