На нешто повеќе од еден месец пред крајот на основниот дел од сезоната во НБА лигата, Никола Јокиќ се врати на првото место на листата на кандидати за МВП наградата.
Долго време таму се наоѓаше Шеј Гилџес Александер кој е прва ѕвезда во Оклахома. најдобриот тим во лигата. Денеска излезе новиот ранкинг на НБА, а на него прв е српскиот репрезентативец пред Гилџес-Александер и Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс.

И покрај тоа што до крајот на сезоната има релативно малку време, јасно е дека ќе се води жестока битка до последниот натпревар, но на крајот сепак ќе одлучуваат гласовите на оние кои го бираат најкорисниот играч во сезоната. Јокиќ досега има три МВП признанија, додека канадскиот кошаркар се бори за своето прво во кариерата.


