Првата ѕвезда на Филаделфија 76 и поранешен МВП на НБА, Жоел Ембид нема да заигра повеќе оваа сезона.
Причина за тоа е повредата на коленото поради која најверојатно ќе мора на операција, а како што беше објавено пред неколку дена, не е исклучено тоа да го одвои од терените една година. Ембид веќе пропушти голем дел од оваа сезона од истите причини, а реши да стави крај на маките и да се насочи на санирање на проблемите кои би можеле за него да значат и крај на кариерата.
Одигра само 19 натпревари со просек од 23,8 поени, 8,2 скока и 4,5 асистенции што и не е лош ефект, но поради тоа што долго време го немаше, оваа сезона е тотално промашување за Сиксерс.


