За многумина неверојатно звучеа информациите дека Лука Дончиќ е трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс затоа што е дебел, односно далеку над оптималната тежина за еден професионален кошаркар.
Излезе дека тоа е точно, така потврдија и сопственикот и генералниот менаџер на Далас Маверикс, но словенечкиот кошаркар лично ги сфати тие критики и одлучи да преземе нешто. Очигледно многу работел последниот период, а сето тоа дава резултат во пресрет на финишот од сезоната.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Дончиќ кој сега е буквално стопен, со многу килограми помалку отколку што имаше пред две недели. Се поправа и неговата форма, полека се вклопува во тимот на Лејкерс, на задоволство на навивачите на овој тим и јасно е дека претстои возбудлив период во НБА.


