Никола Јокиќ беше далеку од своето најдобро офанзивно издание на дуелот со Бостон, но тоа се должи на исклучително грубата игра на противничките кошаркари.
Во првата четвртина, тој постигна девет од своите 20 поени, па кога сфатија дека е максимално расположен, домаќините почнаа да ги користат сите дозволени и недозволени средства.
Уште во воведниот период доби голема расекотина на раката што влијаеше на неговата концентрација, па и играта на овој меч. Како последица на тоа, Јокиќ беше максимално нервозен, многу пати реагираше на одлуките на судиите, а тоа се одрази и на конечниот резултат.


