Одамна Леброн Џејмс е најдобар стрелец во историјата, но ноќеска, на дуелот со Њу Орлеанс мина уште една граница и оствари резултато кој сигурно го става во редот на најдобрите во историјата на лигата.
Суперѕвездата на Лејкерс ја надмина границата од 50 илјади поени во кариерата, сметајќи ги настапите и во основниот дел од сезоната и во плејофот. Му требаше само еден против Пеликанс, но постигна 34 со што беше најефикасен во својот тим.
LeBron James' historic night led the Lakers to their 7th straight win!
👑 34 PTS
👑 8 REB
👑 6 AST
👑 2 BLK
👑 5 3PMThe FIRST member of the 50,000 (combined reg. season & playoffs) PTS club: @KingJames! pic.twitter.com/HIlqtnN8LG
— NBA (@NBA) March 5, 2025
Историскиот кош го постигна во четвртата минута од натпреварот со тројка, на асистенција кој е негов соиграч од неодамна и го сочинуваат можеби најдобриот тандем во лигата. Следуваа овации од гледачите кои имаа можност да му се поклонат којзнае кој пат имајќи предвид дека Леброн ја игра 23. сезона во кариерата. Леброн е најдобар стрелец во историјата на НБА и кога станува збор за поени во основниот дел од сезоната (41.871) и во плејофот (8.162)
На крајот, Лејкерс славеа со 136-113 за седма победа во низа и 13. на последните 15 натпревари. Се истакна и Лука Дончиќ со 30 поени, 15 асистенции и 8 скока, додека прв стрелец на мечот беше кошаркарот на Њу Орлеанс, Зајон Вилијамс кој постигна 37 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Хјустон 115-102
Орландо – Торонто 113-114
Атланта – Милвоки 121-127
Њујорк – Голден Стејт 102-114
Чикаго – Кливленд 117-139
Минесота – Филаделфија 126-112
Сан Антонио – Бруклин 127-113
Феникс – ЛА Клиперс 119-117
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 136-115


