Денвер Нагетс би можел да биде драстично ослабен на ноќешниот натпревар против Сакраменто Кингс бидејќи настапот на Никола Јокиќ е неизвесен.
Најдобриот играч на тимот има воспаление на скочниот зглоб од мечот против Бостон во неделата. Уште на почетокот од тој натпревар, тој ја свитка ногата, но остана во игра и беше еден од најдобрите на теренот. Одлуката да не игра вечерва уште не е дефинитивна, а и порано имало вакви најави кои потоа не се оствариле.
𝑵𝑬𝑾𝑺: Nikola Jokic (left ankle inflammation) is questionable tomorrow vs. Kings pic.twitter.com/Bu6I9pf3qv
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) March 4, 2025
Евентуалното отсуство на Јокиќ би бил тежок удар за Нагетс кои се во жестока борба со Мемфис и Лејкерс за второто место во Западната конференција.


