Во текот на вчерашниот ден имаше информација дека Никола Јокиќ е неизвесен за дуелот со Сакраменто поради повреда на скочниот зглоб.
Србинот, сепак, играше и беше еден од најзаслужните за триумфот на неговиот тим. Денвер славеше на домашен терен со 116-110, благодарение на пресвртот во последната четвртина откако претходно цел меч се наоѓаше во негатива, на моменти и со 14 поени разлика. Последниот период го отвори со 12-2, потоа направи уште една серија од 8-0 и во финишот го скрши отпорот на противникот кој дојде ослабен, без најдобриот играч Домантас Сабонис.
Никола Јокиќ не оствари трипл дабл, но сепак постигна 22 поена, 16 скока и 6 асистенции. Најефикасен во неговиот тим беше Вестбрук со 25 поени, а Мареј додаде 24.
Без награда остана партијата на Демар Дерозан кој постигна 35 поени, Валанчиунас оствари дабл дабл со 19 поени и 13 скока, но Кингс сепак ја прекинаа серијата од четири победи.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Портланд 128-118
Шарлот – Минесота 110-125
Клиленд – Мајами 112-107
Вашингтон – Јута 125-122
Милвоки – Далас 137-107
Денвер – Сакраменто 116-110
Мемфис – Оклахома 103-120
ЛА Клиперс – Детроит 123-115


