Екипата на Денвер Нагетс го совлада Феникс со 149-141 по продолжение, а натпреварот го одбележа Никола Јокиќ со настап кој ќе остане запишан во историјата на НБА лигата.
Српскиот ас стана прв кошаркар во постоењето на ова натпреварување со трипл дабл изразен со најмалку 30 поени, 20 скока и 20 асистенции бидејќи натпреварот го заврши со 31 поен, 21 скок и 22 додавања. Пред него, само Расел Вестбрук и Вилт Чембрлен имале трипл дабл 20/20/20, но никој никогаш не успеал да го постигне ова што направи Јокиќ. Освен тоа, во последните 50 дена ова е негов втор трипл дабл со 30/20/15 што, исто така, не му успеало на ниеден кошаркар во историјата на НБА.
Тоа е негов 29. трипл дабл на Јокиќ оваа сезона и сега му недостасуваат 13 да го израмни, а 14 да го надмине рекордот на Расел Вестбрук кој изнесува 42 со тоа што до крајот на сезоната му остануваат уште 19 натпревари. До трипл дабл против Феникс, Србинот стигна по само 20:38 минути во игра што е деветти најбрз во историјата на НБА.
Денвер водеше и со 21 поен разлика, но си ја искомплицира ситуацијата и се најде во позиција дури и да загуби бидејќи во финишот Феникс поведе со 122-120. Натпреварот отиде во продолжение каде Денвер отвори со 7-0 и постигна вкупно 22 поена, па победата потоа не беше доведена во прашање.
Прв стрелец на мечот беше Девин Букер со 34 поени, а кај Денвер се истакна уште Гордон со 27 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Торонто – Јута 118-109
Мајами – Минесота 104-106
Оклахома – Портланд 107-89
Денвер – Феникс 149-141
Сакраменто – Сан Антонио 127-109
ЛА Клиперс – Њујорк 105-95


