Оклахома Сити Тандер ја оствари седмата победа во низа и 53. во сезоната откако вечерва буквално го растури големиот ривал од Западната конференција, Денвер Нагетс со 127-103.
Конечниот реузлтат можеби не ја отсликува реално ситуацијата на мечот, имајќи предвид дека високата предност Оклахома ја стекна во последната четвртина која ја доби со 41-20, но секако триумфот е апсолутно заслужен. Денвер одлично отвори, водеше со 10-0 и го контролираше резултатот до крајот на првиот период, но од средината на втората четвртина до крајот, се беше на страната на домашниот тим.
Последен пат Денвер беше во игра на стартот од последниот квартал кога се доближи на 88-89 и потоа на 91-94. Оклахома потоа направи 9-0 и отиде на 103-91 по што во последните минути го прегази својот противник.
Многу причини за задоволство има и првата ѕвезда на Оклахома, Шеј Гилџес Александер кој по денешниот меч станува главен фаворит за МВП признанито. Канаѓанецот постигна 40 поени, 8 скока и 5 асистенции со што убедливо го доби директниот дуел со Никола Јокиќ за најголемата индивидуална награда. Играчот на Денвер беше на чекор од трипл дабл, постигнувајќи 24 поени, 13 скока и 9 асистенции, но шутираше мошне лошо од игра (10/23) за 41 минута на теренот.


