Екипата на Далас Маверикс го доживеа петтиот пораз по ред и седми во последните осум натпревари откако синоќа загуби на домашен терен од Феникс со 116-125.
Последниот месец тимот има огромни проблеми со повредени играчи, против Санс влезе со само девет кошаркари, а излезе со едвај шест здрави. Поради повреди не играа Дејвис, Гафорд, Харди, Џонс, Лајвли, Проспер и Вашингтон, додека во текот на мечот се повредија уште Едвардс, Пауел и Вилијамс. Капак на се е тоа што Ексум и Мартин се рехабилитираа, но нивните минути се лимитирани затоа што долго време беа во аут, исто така поради повреди.
Во такви услови, Далас дури и добро се држеше против Феникс иако победата на гостинскиот тим во ниеден момент не беше доведена во прашање. За Санс овој натпревар беше многу значаен во борбата за пласман во плејинот во која ривал им е толку Далас и сега се на две победи од овој тим со тоа што имаат и натпревар помалку.
Интересно е тоа што Далас ги имаше двајцата најефикасни играчи на мечот, Наџи Маршал и Клеј Томпсон кои заедно постигнаа повеќе од половина од поените на својот тим (34+26), додека Букер со 24 поени беше прв стрелец на Феникс.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Клиперс – Сакраменто 111-110
Портланд – Детроит 112-119
Милвоки – Кливленд 100-112
Минесота – Сан Антонио 141-124
Филаделфија – Јута 126-122
Њу Орлеанс – Мемфис 104-107
Далас – Феникс 116-125
Оклахома – Денвер 127-103


