Екипата на Војводина влезе во ритам под водство на македонскиот стручњак Владимир Мирковски и во текот на викендот ја оствари третата победа во низа.
Во период од една недела, тимот од Нови Сад ги совлада Металац и Слога во Кошаркарската лига на Србија и Цедевита Јуниор во АБА 2. Слога е совладана без поголеми проблеми, со 106-80, па Војводина е уште еден чекор поблиску кон пласман во Суперлигата.
Пред Мирковски и Војводина е нов предизвик во АБА 2 лигата. Утре во Нови Сад гостува Цедевита Јуниор во рамките на четвртото коло и со евентуален триумф, оваа екипа ќе стави печат на пласманот во полуфиналето од регионалното натпреварување.


