Екипата на Војводина, предводена од македонскиот стручњак Владимир Мирковски, е прв полуфиналист во АБА 2 лигата за оваа сезона.
Тимот од Нови Сад попладнево ја совлада Цедевита Јуниор со 100-75 и без разлика на исходот на преостанатите натпревари, не може да биде полошо пласирана од второто место. Досега има максимален ефект (4/0), а во последните две кола ќе се обиде да стави печат на првата позиција за што е голем фаворит.
Главна цел на Војводина оваа сезона е титула во АБА 2, но за жал, поради системот на натпреварување, тоа не носи директен пласман во елитната конкуренција. Во најдобар случај, тимот би играл бараж со најслабиот српски тим од АБА лигата, а во моментов, тоа е 11-пласираниот Борац.


