Никола Јокиќ го пропушти третиот натпревар по ред поради повреда, а Денвер го доживеа третиот пораз во низа.
Подобар од него, синоќа беше Портланд кој славеше со 128-109 откако претходно во дуелите со шампионот од 2023 година славеа и Голден Стејт и Лос Анџелес Лејкерс. Кај Нагетс се врати Мареј, но тој имаше симболичен ефект од само 10 поени и не успеа да го надополни отсуството на најдобриот играч во екипата.
Денвер добро се држеше во првото полувреме кое и го доби со 59-54, но следуваше тотален колапс во вториот дел. Додека Расел Вестбрук играше, се беше во ред за гостите, ама и тој снема енергија во продолжение и Портланд го искористи тоа за да дојде до убедлива победа. Во последната четвртина Блејзерс постигнаа 40 поени, а со триумфот останаа во игра за пласман во плејинот.
Одличен натпревар одигра Дени Авдија кој постигна 36 поени со 8 скока и 7 асистенции. Кај Денвер повторно најефикасен беше Ерон Гордон со 23 поени. Нагетс во моментов ја имаа најдолгата серија порази во Западната конференција и пак паднаа на четветото место на табелата со дури две победи помалку од второпласираниот Хјустон.
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Орландо 105-120
Мајами – Хјустон 98-102
Минесота – Њу Орлеанс 134-93
Оклахома – Шарлот 141-106
Сан Антонио – Филаделфија 128-120
Далас – Детроит 123-117
Јута – Бостон 99-121
Феникс – Кливленд 123-112
Портланд – Денвер 128-109
ЛА Клиперс – Мемфис 128-108


