Турнејата по Западната конференција очигледно добро му дојде на Чикаго Булс кој не само што не се исплаши од предизвикот, туку и практично го обезбеди пласманот во плејинот.
Некогашниот шесткратен шампион е во серија од три победи и славеше на четири од шесте меча како гостин на Западот, а последна жртва му е тимот на Денвер Нагетс. Два дена откако ги растури Лејкерс во Лос Анџелес, Чикаго триумфираше и против првакот од 2023 година со 129-119.
Никола Јокиќ повторно не играше што делумно ја олесни работата на гостинскиот тим, но Денвер уште еднаш покажа дека без српскиот ас е просечна екипа која би се борела за пласман во плејофот. Булс ја завршија работата во последната четвртина откако во првото полувреме успеаја да наполнат негатива од 13 поени.
Очаен натпревар одигра Мајкл Портер кој шутираше 1/10 за тројка и заврши со 16 поени. Коби Вајт повторно беше одличен и откако на Лејкерс им даде 39, ноќеска броеше до 37 поени. Џамал Мареј со 28 поени го предводеше Денвер кому опасно му „виси“ пласманот во топ-4, а Јокиќ го нема веќе пет натпревари.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Минесота 119-103
Орландо – ЛА Лејкерс 118-106
Вашингтон – Торонто 104-112
Бруклин – Далас 101-120
Њу Орлеанс – Филаделфија 112-99
Денвер – Чикаго 119-129
Феникс – Милвоки 108-106
Сакраменто – Бостон 95-113


