По пауза од пет натпревари, Никола Јокиќ се врати во тимот на Денвер Нагетс и му помогна на својот тим да дојде до победа во дуелот со Милвоки.
Екипата од Колорадо славеше со 127-117, а Јокиќ играше како никогаш да не паузирал. За 38 минути на теренот постигна 39 поени, 10 скока и 10 асистенции за својот 30. трипл дабл оваа сезона. Со тоа го собори рекордот на франшизата по бројот на трипл дабл натпревари во една сезона, но мора да се знае дека и претходниот беше во негова сопственост.
Бакс на овој натпревар беа ослабени со неиграњето на Јанис Адетокунбо и Дејмијан Лилард и тоа му ја олесни работата на домашниот тим. Денвер отвори со 38 поени во првата четвртина, со седум постигнати тројки, но Милвоки се врати во игра во втората четвртина и на голем одмор се замина со само три поени разлика (67-64). Во третиот квартал гостите дури и поведоа, но до крајот на мечот се си дојде на свое место, на задоволство на навивачите на Денвер.
Покрај Јокиќ, се истакна и Портер со 23 поени, вклучувајќи шест тројки од осум шута, додека ветеранот Брук Лопез беше најефикасен во гостинскиот тим со 26 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Вашингтон 114-119
Бруклин – Торонто 86-116
Индијана – ЛА Лејкерс 119-120
Њу Јорк – ЛА Клиперс 113-126
Денвер – Милвоки 127-117
Феникс – Бостон 103-132


