Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа серијата порази откако по голема драма, ноќеска славеа на гостувањето кај Индијана со 120-119.
Лука Дончиќ го предводеше победничкиот тим, но славата отиде кај Леброн Џејмс кој со звукот на сирената му донесе победа на својот тим. Токму Дончиќ ја презеде одговорноста во последниот напад, се обиде да поентира, неговиот шут беше непрецизен, но под кошот се најде Леброн кој ја спроведе топката низ обрачот.
LEBRON JAMES WINS IT AT THE BUZZER 🚨 pic.twitter.com/AZ2xR9zQYA
— ESPN (@espn) March 27, 2025
Репрезентативецот на Словенија повторно се покажа како лидер на тимот и покрај тоа што е дел од Лејкерс неполни два месеца. Постигна 34 поени со шут од игра 11/21, а имаше и 7 скока и 7 асистенции. Леброн на теренот помина помалку од 38 минути и за тоа време постигна 13 поени, 13 скока и 7 асистенции.
Лејкерс со оваа победа се израмнија со Мемфис со биланс 44/28, но се уште заостануваат зад Хјустон и Денвер од кои имаат еден, односно два натпревара помалку.


