Кошаркарскиот клуб Спартак ја оствари најголемата победа во својата историја откако вечерва како гостин го победи бранителот на титулата во АБА и долгогодишен евролигаш Црвена Звезда.
Тимот од Суботица славеше во Арена со 78-77 и дефинитивно ја откажа Звезда од борбата за првото место на крајот од основниот дел од сезоната. На пет кола пред крајот, актуелниот шампион има три победи помалку од Партизан и Будуќност, па сега во опасност е доведена и третата позиција на табелата на која се наоѓа Дубаи, тим што е во најдобра форма во моментов во регионалното натпреварување.
На околу минута пред крајот, Звезда водеше со 77-73, но Спартак потоа постигна тројка преку Гибсон, а кошот за победа го постигна Расир Болтон на помалку од три секунди пред крајот. Во последниот напад, Калиниќ се обиде да погоди со флоутер, но не неговиот шут беше непрецизен.
Спартак со овој триумф изби на седмата позиција на табелата и си ги зголеми шансите за пласман во плејофот од АБА лигата. Интересно е тоа што Звезда оваа сезона доживеа три порази од дебитантите во АБА, два пати изгуби од Дубаи и вечерва од Спартак.


