Екипата на Лос Анџелес Лејкерс го совлада Хјустон Рокетс со 104:98 во дербито на Западната конференција на домашен терен.
Натпреварот беше исклучително важен за двете екипи поради нивната позиција на табелата. И покрај поразот, Хјустон се уште е на второто место со скор 49/27, но Лејкерси се доближија на една победа од Денвер кој е на третото место со скор 47/28.
Лука Дончиќ и соиграчите му помогнаа на Денвер да добие шанса да се доближи до Хјустон, но и самите директно влегоа во војната за третото место. Словенецот беше најзабележителен играч на натпреварот со 20 поени (6/16 од поле, 1/7 за три), 6 скока и 9 асистенции за 38 минути. Го следеше Доријан Фини Смит со 20 поени, 6 украдени топки и 3 асистенции. Леброн Џејмс заврши со 16 поени, 8 скока и 4 асистенции.
Кај Хјустон подобар од останатите беше Амен Томпсон со 20 поени, пет скока и четири асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Јута 110-106
Индијана – Сакраменто 111-109
Орландо – ЛА Клиперс 87-96
Вашингтон – Мајами 94-120
Мемфис – Бостон 103-117
Оклахома – Чикаго 145-117
Далас – Бруклин 109-113
ЛА Лејкерс – Хјустон 104-98


