Екипите на Денвер и Минесота го одиграа можеби најдобриот натпревар оваа сезона во НБА лигата.
По две продолженија, славеа Тимбервулфс со 140-139, а победникот се одлучуваше во последните стотинки од мечот. Блескаше Никола Јокиќ кој оствари рекорд на кариерата со 61 поен, комплетиран со трипл дабл затоа што оствари уште по 10 скока и 10 асистенции, но ни тоа не беше доволно Денвер да го победи својот најтежок ривал во лигата.
NIKOLA JOKIĆ FOR 51 🚨
— NBA (@NBA) April 2, 2025
THE 3RD 50-PT GAME OF HIS CAREER!
Timberwolves/Nuggets in OT on TNT 🍿 pic.twitter.com/3LhbLohd1F
Трагичар на натпреварот беше Расел Вестбрук кој во финишот од второто полувреме прво украде една топка, па промаши чисто положување при водство на Денвер од 139-138, а потоа, со истекот на времето направи лична грешка при шут за тројка над Александер-Вокер. Кошаркарот на Минесота ги погоди првите две слободни фрлања кои беа доволни за победа на неговиот тим.
Ова беше четврта победа по ред и шеста на последните седум меча за Минесота против Денвер. Не е исклучено овие две екипи да се сретнат и во првата рунда од плејофот бидејќи Денвер во моментов е трет, а Минесота седмопласирана, со идентичен биланс (44/32) како Мемфис кој е шести.
Russell Westbrook steal
— Underdog NBA (@UnderdogNBA) April 2, 2025
Russell Westbrook missed layup
Russell Westbrook foul on a 3PA
Nickeil Alexander-Walker sinks two FTs to win in 2OT.pic.twitter.com/3xJLjEOuLp
Кај Вулфс на овој меч се истакнаа Едвардс со 34 и Рендл со 26 поени. Покрај Јокиќ, во тимот на Денвер, Гордон постигна 30 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Портланд 113-127
Милвоки – Феникс 133-123
Њујорк – Филаделфија 105-91
Чикаго – Торонто 137-118
Мемфис – Голден Стејт 125-134
Сан Антонио – Орландо 105-116
Денвер – Минесота 139-140


