Денвер загуби од Минесота во еден од најдобрите натпревари оваа сезона, но од тој меч ќе останат рекордите на Никола Јокиќ.
Против Тимбервулфс, тој постави рекорд по постигнати поени сезонава во НБА и личен рекорд во најсилната светска кошаркарска лига (61). Потоа, се израмни со Шекил Онил по бројот на натпревари со над 50 поени (3), а на теренот помина 53 минути, исто така најмногу во својата кариера. Неговиот трипл дабл е прв со 60+ поени на еден центар во историјата на НБА и со најмногу постигнати поени. Досега рекордот го држеа Џејмс Харден и Лука Дончиќ кои имаа трипл дабл со 60 поени.
Никола Јокиќ е прв играч по Мајкл Џордан со 60+ поени за 50+ минути на теренот, но и прв кој загубил, а притоа остварил трипл дабл со 60+ поени. Се израмни со Вилт Чембрлен по бројот на трипл дабл натпревари на играч на центарската позиција во една сезона (31) во историската вечер во која стана прв кошаркар со 60+ поени, 10+ скокови, 10+ асистенции и 5+ погодени тројки.
Покрај тоа, Јокиќ стана петти центар во историјата на НБА со 800 тројки, по Карл Ентони Таунс, Брук Лопез, Никола Вучевиќ и Ал Хорфорд.


