На десетина дена пред крајот на основниот дел од сезоната во НБА, ЕСПН ја направи последната анкета во врска со признанието за најкорисен играч.
Него го бираа 100 НБА инсајдери и исто како и во февруари, на првото место е Шеј Гилџес Александер. ЕСПН во секоја од претходните пет сезона правеше ваква анкета и победникот во неа на крајот стануваше МВП.

Од 100 гласачи, 77 први места доби канадскиот кошаркар, а останатите 23 му припаднаа на Никола Јокиќ. Гилџес Александер доби вкупно 931, а неговиот најсериозен ривал 769. Зад нив се Јанис Адетокунбо, Џејсон Тејтум и Донован Мичел.
Ако ова се оствари, Гилџес-Александер ќе го добие првото МВП признание во својата кариера.


