Поранешните суперѕвезди Кармело Ентони и Двајт Хауард ја предводат Класата 2025 година во НБА Куќата на славните чии нови членови беа објавени денеска.
Двајцата кошаркари имаа блескави кариери, Ентони е десетти стрелец на сите времиња, а Хауард беше еден од најдобрите дефанзивци и скокачи во историјата на НБА лигата. Освен тоа, имаа успеси и со американската репрезентација и оставија длабока трага во најсилната светска кошаркарска лига.
Интересно е тоа што двајцата, два пати ќе бидат примени во Куќата на славните во 2025 година, еднаш индивидуално како кошаркари и еднаш како членови на американската репрезентација која ја освои титулата на Олимписките игри во Пекинг 2008 година, заедно со Коби Брајант, Џејсон Кид, Двејн Вејд, Леброн Џејмс, Крис Пол, Крис Бош итн, под водство на Мајк Кшижевски.
Покрај нив, Класата 2025 ја сочинуваат уште судијата Дени Крофорд, поранешниот тренер на Чикаго Билс и Оклахома Сити Тандер, Били Донован, кошаркарките Сју Бирд, Маја Мур и Силвија Фоулс и функционерот од Мајами Хит, Мики Арисон.
За жал, повторно е „одбиен“ славниот српски тренер Душан Ивковиќ кој и оваа година не успеа, постхумно, да влезе во Куќата на славните на НБА.


