Откако вчера неочекувано доби отказ од тренерската позиција во Денвер Нагетс, Мајк Мелоун веднаш влезе на радарот на неколку екипи од НБА.
Со оглед на шампионското педигре и фактот што во последните пет години има најмногу победи од сите НБА тренери, искусниот стручњак би можел да се врати на работа од почетокот на идната сезона. Американските медиуми тврдат дека најзагреан за него е Сан Антонио Спарс, во случај Грег Попович поради здравствените проблеми да не може да се врати на клупата.
Популарниот Поп оваа сезона многу малку ја водеше екипата бидејќи во ноември доживеа мозочен удар. Не е исклучено тој претстојното лето да објави крај на кариерата, а во таков случај, Спарс ќе тргнат во потрага по негова замена.
Интерес за Мелоун, покрај Сан Антонио, покажува и Милвоки Бакс каде трофејниот стручњак ќе се обиде да го искористи потенцијалот на Адетокунбо и Лилард.


