Два месеца откако беше трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ првпат заигра во Далас и доживеа невидени овации и емоции од тамошните навивачи.
И франшизата од Тексас направи голем потег со тоа што организираше 10.000 маички на кои пишуваше „Фала ти за се“ и ги раздели на навивачите на трибините, а пред почетокот на натпреварот, објави емотивно видео со некои од најдобрите потези и најголеми успеси на Дончиќ додека играше за Мавс. Сето тоа се случуваше при претставувањето, Словенецот седеше на клупата и со солзи гледаше што му приредува неговиот поранешен тим. Овации доби дури и од Дирк Новицки кој беше присутен во Американ Ерлајнс центарот.
Кога церемонијата заврши, Дончиќ почна да го прави тоа што најдобро го знае. Ако пред почетокот на натпреварот покажа емоции, на теренот беше апсолутно „ладен“ кон тимот каде ја почна професионалната кариера. Лејкерс победија со 112-97, а словенечкиот кошаркар постигна 45 поени, 8 скока и 6 асистенци. Бројот на поени му е личен рекорд за оваа сезона, 31 од нив постигна во првото полувреме, а вкупно погоди 16 од 28 шута.
NBA STANDINGS UPDATE ‼️
— NBA (@NBA) April 10, 2025
▪️ DEN moves to No. 4 in West
▪️ LAL secures top-6 seed
▪️ ORL clinches No. 7 in East pic.twitter.com/J19p0pU25M
Се истакна и Леброн Џејмс кој постигна 27 поени во својот 1.561 натпревар во НБА лигата со што се искачи на второто место на вечната листа во оваа категорија. За една позиција го спушти Карим Абдул Џабар, а ако остане и идната сезона во Лејкерс, извесно е дека ќе го собори рекордот на Роберт Периш кој во кариерата одигра вкупно 1.611 натпревари.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Бостон 96-76
Вашингтон – Филаделфија 103-122
Далас – ЛА Лејкерс 97-112
Торонто – Шарлот 126-96
Чикаго – Мајами 119-111
Јута – Портланд 133-126
Голден Стејт – Сан Антонио 111-114
Феникс – Оклахома 112-125
Сакраменто – Денвер 116-124
ЛА Клиперс – Хјустон 134-117


