Денвер Нагетс ноќеска официјално ја почна новата ера, со нов тренер на клупата откако пред два дена отказ доби Мајк Мелоун.
Негова замена е Дејвид Аделман, но тој очигледно уште нема таков авторитет за да го смири Никола Јокиќ. Затоа, Србинот при еден тајмаут покажа кој е главен во тимот, ја зеде тренерската табла и нацрта акција за следниот напад.
Nikola Jokic agora é o técnico do Denver Nuggets https://t.co/zbQUR0rZLH
— NBA do Povo 🏀🇧🇷 (@NBAdoPovo) April 10, 2025
Денвер на крајот оствари исклучително важна победа, со 124-116 и остана во игра барем за четвртото место со што би ја имал предноста на домашен терен во првата рунда од плејофот. Јокиќ оствари трипл дабл, 33. оваа сезона, со 20 поени, 12 скока и 11 асистенции.


