Во Западната конфцеренција во тек е жестока борба за пласман во плејофот во која шест екипи се борат за четири места.
Ноќеска во директен дуел се судрија Мемфис и Минесота и славеа Тимбервулфс со 141-125. Двете екипи сега имаат идентичен биланс (47/33), како и Голден Стејт и во последните два меча ќе се одлучува која од нив ќе оди во плејофот. Клиперс и Денвер имаат победа повеќе, а Лејкерс „бегаат“ две победи.
Херој на Минесота на ноќешниот натпревар беше Ендони Едвардс кој постигна 44 поени и ја доби директната битка со Џа Морант кој постигна 36 поени, но со многу лош шут од игра (13/27). Минесота беше во водство безмалку цело второ полувреме, но клучната предност ја направи во третата четвртина, по серијата од 26-2 со која отиде на +16 (95-79).
NBA STANDINGS UPDATE ‼️
— NBA (@NBA) April 11, 2025
▪️ IND, MIL (East #4, #5) win 6th straight
▪️ MIN climbs to same record as GSW, MEM
Download the NBA App for more: https://t.co/WAQ7n00ju1 pic.twitter.com/L3DY8JGFy0
Минесота има нешто полесен распоред во последните два меча бидејќи на домашен терен игра со Бруклин и Јута, додека Мемфис му гостува на Денвер и го пречекува Далас.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Њујорк 115-106
Индијана – Кливленд 114-112
Бруклин – Атланта 109-133
Милвоки – Њу Орлеанс 136-111
Мемфис – Минесота 125-141


