Српската суперѕвезда Никола Јокиќ го оствари 34. трипл дабл во сезоната и е најзаслужен за новата победа на Денвер Нагетс која го носи тимот на чекор од директен пласман во плејофот.
Пред своите навивачи, тимот од Колорадо го победи директниот ривал Мемфис со 117-109 и се задржа на петтото место во Западната конференција со една победа повеќе од Минесота и Голден Стејт. За да остане таму, на Денвер му треба триумф и против Хјустон во последниот меч кој се игра утре вечер во Тексас.
Центарот на Денвер повторно го имаше на сите страни од теренот, играше 41 минута и за тоа време постигна 26 поени, 16 скока и 13 асистенции. Што е најважно, си обезбеди трипл дабл просек оваа сезона, без разлика на неговиот ефект на утрешниот натпревар. Со тоа стана прв центар и вкупно трет играч во историјата на НБА, по Расел Вестбрук (четири пати) и Оскар Робертсон, кој ја завршил сезоната со трипл дабл просек.
NBA STANDINGS UPDATE ‼️
— NBA (@NBA) April 12, 2025
▪️ East 1-10 is set for the postseason
▪️ LAC, MIL each win 7th straight
▪️ MIN moves into West 7th pic.twitter.com/Ib5FICUJPJ
Ноќеска имаше голема помош и од Ерон Гордон кој заврши со 33 поени, додека Мареј постигна. Кај Мемфис, кој доживеа два пораза и извесно ќе игра во плејинот, Дезмонд Бејн беше најефикасен со 24 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Милвоки 119-125
Индијана – Орландо 115-129
Филаделфија – Атланта 110-124
Бостон – Шарлот 130-94
Њујорк – Кливленд – 102-108
Чикаго – Вашингтон 119-89
Њу Орлеанс – Мајами 104-153
Далас – Торонто 124-102
Денвер – Мемфис 117-109
Минесота – Бруклин 117-91
Јута – Оклахома 111-145
Феникс – Сан Антонио 117-98
Портланд – Голден Стејт 86-103
Сакраменто – ЛА Клиперс 100-101
ЛА Лејкерс – Хјустон 140-109


