Доцна синоќа заврши основниот дел од сезоната во НБА лигата по кој се познати двојките за плејофот и плејинот.
Екипите не играа комплетни, па Денвер го искористи тоа за да го растури Хјустон со 126-111 и да го освои четвртото место во Западната конференција. Рокитс одамна ја обезбедија втората позиција на табелата, па можеа да калкулираат со минутажата на овој меч. Затоа и победникот беше познат уште по три четвртини од кои Денвер излезе со предност од 31 поен разлика (102-71).
Најдобрите петмина стрелци од овој меч беа од тимот на Денвер: Портер постигна 19, Гордон и Јокиќ по 18, Вестбрук 18, а Мареј 16 поени. Прв играч на Хјустон беше Томпсон со 15 поени.
Познато е дека Денвер во првата рунда од плејофот ќе игра против Лос Анџелес Клиперс и ќе ја има предноста на домашниот терен, но тоа не го прави фаворит затоа што тимот од Калифорнија е во серија од осум победи и се наоѓа во фантастична форма. Хјустон ќе го добие својот ривал по одигрувањето на плејинот.
РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Орландо 117-105
Бостон – Шарлот 93-86
Бруклин – Њујорк 105-113
Кливленд – Индијана 118-126
Мајами – Вашингтон 118-119
Милвоки – Детроит 140-133
Филаделфија – Чикаго 102-122
Голден Стејт – ЛА Клиперс 119-124
Хјустон – Денвер 111-126
Мемфис – Далас 132-97
Минесота – Јута 116-105
Њу Орлеанс – Оклахома 100-115
Портланд – ЛА Лејкерс 109-81
Сакраменто – Феникс 109-98
Сан Антонио – Торонто 125-118


