Секојдневно американските медиуми бомбардираат со анализи според кои Шеј Гилџес Александер би требало да биде МВП оваа сезонаа во НБА лигата.
Канаѓанецот навистина има извонредна сеозна и е најзаслужен што Оклахома е најдобар тим во лигата по основниот дел од сезоната, но на индивидуален план, Гилџес Александер далеку заостанува зад Никола Јокиќ. Србинот испиша историја со она што го постигна оваа сезона и неговите бројки ќе останат уште долго недостижни за играчите во НБА.
Ниеден кошаркар во историјата на лигата досега не успеал во една сезона да биде во топ-3 во најважните статистички категории: поени, скокови, асистенции и блокади. И не само тоа, никогаш досега не се случило еден кошаркари да биде во топ-10 во овие категории. Меѓу најдобрите тројца сега е суперѕвездата на Денвер Нагетс која постави нови граници во кошарката.
Сезоната ја завршува како трет стрелец со 29,6 поени, зад Гилџес Александер (32,7) и Адетокунбо (30,4), втор скокач со 12,7 скока, зад Сабонис (13,9), втор асистент со 10,2 додавања, зад Тре Јанг (11,6) и втор крадец со 1,8 украдени топки, зад Дајсон Дениелс (3).
Кога на ова ќе се додаде дека Јокиќ сезонава имаше 34 трипл дабл натпревари и трипл дабл просек со 29,6 поени, 12,7 скока и 10,2 асистенции, јасно е што направил српскиот кошаркар.


