Само еден ден откако заврши основниот дел од сезоната во НБА, падна првата жртва меѓу тренерите.
Раководството на Феникс Санс му додели отказ на Мајк Баденхолзер откако тој не успеа да го однесе тимот во доигрувањето и покрај тоа што во своите редови има голем број ѕвезди и некои од најдобрите играчи во лигата. Феникс ја заврши сезоната на 11 позиција во Западната конференција со биланс 36/46.
BREAKING: The Phoenix Suns have fired head coach Mike Budenholzer after finishing in 11th place with a 36-46 record in his one season, sources tell ESPN. pic.twitter.com/ocySLmWDQI
— Shams Charania (@ShamsCharania) April 14, 2025
Баденхолзер, кој своите најголеми успеси ги имаше во Милвоки Бакс со кого освои титула во 2021 година, Феникс го презеде минатото лето, но не успеа да ги повтори резултатите од претходниот тим. Санс ќе имаат доволно време да најдат соодветна замена која ќе го однесе тимот во плејофот имајќи предвид дека новата сезона почнува дури во октомври.


