Екипата на Будуќност е многу блиску до заверка на првата позиција на табелата во АБА лигата по основниот дел на сезоната откако вечерва го победи Партизан и на домашен терен.
„Вечниот“ црногорски првак славеше со 81-77 и сега само чудо може да го спречи да не заврши како лидер пред плејофот. Будуќност има една победа повеќе од Партизан, но подобар меѓусебен биланс бидејќи триумфираше и во Белград, а до крајот на основниот дел има уште три кола што значи дека би требало два пати да загуби за, евентуално, „црно-белите“ да го освојат првото место. На ова треба да се додаде фактот што Партизан има тежок распоред и во следните две кола ја пречекува Црвена Звезда и гостува на Олимпија во Љубљана каде тешко излегува на крај последните сезони.
Тимот од Подгорица апсолутно заслужено славеше на овој меч ако се има предвид дека водеше безмалку цел натпревар. На периоди, разликата беше двоцифрена, а Партизан почна да игра малку поцврсто во одбраната дури во последната четвртина. Со брзи пет поени тогаш намали на -6, имаше четири напади за да се доближи уште повеќе, но не ги искористи и Будуќност го искористи тоа за да се врати на сигурна предност која успеа да ја задржи до крајот.
Во последните три кола, најтежок тест за Будуќност ќе биде мечот против Дубаи во финалниот круг, но тој меч може да нема резултатско значење ако Црногорците претходно ги победа Крка и ФМП.


