Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ ја завршува сезоната во НБА како кошаркар чии дресови најмногу се продаваат, соопшти лигата.
Оваа сезона тој ја подели во Далас и Лејкерс, но покажа дека неговата популарност се повеќе се зголемува и тоа особено откако се пресели во Лос Анџелес. Тој е прв Словенец, но и прв странец воопшто, со најмногу продадени дресови во една сезона, а притоа прекина една голема доминација во НБА.
Од 2012/13, на врвот постојано беа Леброн Џејмс и Стеф Кари, а последниот пред нив кој заврши на првото место беше Кармело Ентони, во тоа време играч на Њујорк Никс.
Стеф Кари сега е на второто место, зад него е Леброн Џејмс, а понатаму следуваат Џејсон Тејтум, Џејлен Брансон, Виктор Вембанјама, Ентони Едвардс итн.


