Собранието на АБА лигата кое требаше да одржи денеска во онлајн формат, повторно е одложено, односно поместено за еден ден бидејќи еден од членовите на сопственичката структура не можел да присуствува од оправдани причини.
Седницата почна на 2 април, па беше прекината и одложена за денеска, а ако нема други проблеми, ќе заврши утре. Главни теми треба да бидат: сопственичката структура, бројот на клубови од една држава, т.н. национален клуч, ТВ правата и проширувањето на лигата.
Во врска со првата точка, меѓу сопствениците треба да биде примен Студентски центар, но за тоа, 11. клуба треба да гласаат едногласно. Одлуката за бројот на учесници од една држава, како и за другите две точки, се носи со мнозинство гласови.
Исходот од Собранието со нетрпение го очекуваат и во МЗТ Скопје бидејќи македонскиот шампион поднел барање за влез во Првата АБА лига, ако дојде до проширување на 20 екипи.


