Доскорешниот претседател на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора, Никола Пековиќ се наоѓа во центарот на вниманието во својата земја, но сега не по потези поврзани со спортот.
Тамошните медиуми пренесуваат дека неговиот автомобил БМВ Х5 е одземен денеска, а полициската управа соопшти дека со неа управувал припадник на Војската на Црна Гора, Борис Драгаш. Во соопштението од полицијата се наведува дека Пековиќ е еден од лидерите на организирана криминална група на северот на Црна Гора.
Во моментов на контролата на службениците на Одделението за безбедност на Бијело Поље во автомобилот се пронајдени и одземени: балистички прслук, спреј со портокалово дејство, нож, електронска направа, мултифункционален детектор за прислушни уреди, сочива за камера и опојни пилули. Интересно е тоа што соработниците на Пековиќ се припадници на војската и полицијата на Црна Гора бидејќи освен Драгаш, во автомобилот бил и еден службеник на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Пековиќ е една од најголемите кошаркарски легенди на Црна Гора, имаше блескава играчка кариера во Европа и НБА и остави длабока трага како кошаркар. По пензионирањето беше претседател на Партизан, од 2015 до 2017 година и потоа претседател на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора.


