Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја загуби предноста на домашниот терен веќе по првиот меч од серијата против Минесота Тимбервулфс.
Пред своите навивачи, тимот од Калифорнија доживеа катастрофа и загуби со 95-117 и покрај тоа што Лука Дончиќ одигра извонреден натпревар. Словенецот постигна 37 поени и 8 скока, но оствари само една асистенција.

Далеку од посакуваното ниво беа неговите соиграчи бидејќи Леброн Џејмс постигна 19, а Остин Ривс 16 поени, па Дончиќ остана без соодветна помош. Решавачка беше серијата на Минесота од 11-0 во третата четвртина во која водството на гостинскиот тим отиде и на 27 поени разлика.
Минесота на овој натпревар ја потврди одличната форма во која се наоѓаше во финишот од основниот дел од сезоната. Џејден Мекдениелс постигна 25, Наз Рид додаде 23, а Ентони Едвардс заврши со 22 поена. Вториот меч од серијата повторно се игра во Лос Анџелес и Лејкерс нема да имаат право на нов кикс бидејќи во тој случај Минесота ќе биде на чекор од пласман во следната рунда.
РЕЗУЛТАТИ – ПЛЕЈОФ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Индијана – Милвоки 117-98 (1-0)
Њујорк – Детроит 123-112 (1-0)
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ЛА Лејкерс – Минесота 95-117 (0-1)
Денвер – ЛА Клиперс 112-110 (1-0)


