Екишата на Денвер Нагетс славеше со 112-110 во првиот меч од серијата против Лос Анџелес Лејкерс која лесно може да се оддолжи на седум натпревари.
Тимот од Калифорнија доминираше речиси цело прво полувреме, имаше и десет поени предност, но Јокиќ се налути и реши да не му ја даде победата. Се бореше како лав, постигна 29 поени, 12 асистенции и 10 скока, па дури и нацрта акција на таблата, при водство на противникот од 92-91, во финишот од основниот дел.
Поддршка имаше и од Ерон Гордон кој постигна 25 поени, Џамал Мареј со 21 и Расел Вестбрук со 15 поени, 8 скока и 4 асистенции). Сепак, на следните натпревари ќе мора тие да преземат поголем дел од одговорноста бидејќи синоќа Клиперс изгледаа далеку посвежи и поразновидни во нападот.
Убедливо најдобар играч кај нив беше Џејмс Харден кој постигна 32 поена (15 во првата четвртина), а додаде уште 11 асистенции. Ивица Зубац се истакна со 21 поен и 13 скока, а Кавал Ленард додаде 22 поена, но загуби и седум топки.


